Актуелниот англиски првак Манчестер сити победи после пресврт со 3-1 против Брентфорд и освои три бода со кои му се приближи на лидерот Ливерпул на само два бода, а „граѓаните“ имаат одиграно еден меч помалку од ривалот.

Брентфорд имаше одличен почеток на дуелот и погоди преку Мопеј за водство од 1-0, но мрежата на домаќинот остана недопрена сè до 48. минута благодарение на неверојатниот голман Флекен. Во завршницата од првиот дел Фоден беше стрелец за 1-1 и го најави пресвртот, кој беше комплетиран во второто полувреме.

Фоден постигна уште два гола во второто полувреме, и тоа во 53. и 70. минута со што стигна до хет-трик.

 

Манчестер сити има 49 бодови на втората позиција во Премиерлигата, односно два помалку од Ливерпул.