Тимот на Верона успешно ја отвори денешната Серија А програма со гостинскиот триумф над Сасуоло со конечни 2:4. Предводник на овој триумф беше Чешкиот интернационалец Антонин Барак кој постигна три од четирите гола, и речиси сам го победи домаќинот на овој меч. Карпари погоди во 37. минута, а потоа Барак на три пати реализираше. За домаќинот пак на стартот на вториот дел Скамака намали на 1:2, а потоа и Дефрел во 67. минута но Сасуоло едноставно на овој меч прими премногу голови, за да се надева, на некаков плен.

Верона со овој триумф е десетта со 30. бодови, додека пак, Сасуоло е место подолу со 28 поени.