Наполи во првото полувреме го надигра англискиот гигант и првиот гол го постигна преку Зиелински од пенал, додека потоа Осимен промаши удар од белата точка за да го зголеми водството.
Притисокот на тимот на Лучано Спалети продолжи и тоа донесе уште два гола во мрежата на Алисон, откако Ангиса и Симеоне успеаа да го матираат голманот на Ливерпул.
Катастрофата на Ливерпул можеше да биде уште поголема, откако Зиелински со неговиот втор погодок го донесе Наполи во предност од 4-0, но потоа Диаз намали на 1-4.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во завршницата од мечот, кога го замени Зиелински во 74. минута.
Одлична ноќ имаше полскиот напаѓач Роберт Левандовски, кој постигна хет-трик против Викторија Плзен (3-0), откако нивната мрежа ја затресе во 34, 48 и 67. минута од натпреварот, додека останатите два гола за Барселона ги постигнаа Кеси и Торес, а за гостите погоди Сикора.
Баерн Минхен одигра одличен меч во Милано против Интер и со три бода се враќа дома, откако Сане погоди за водство, а потоа Д’Амброзио даде автогол за конечни 2-0.