Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема сосема заслужено ја доби наградата за најдобар играч во европските натпреварувања.
Францускиот фудбалер беше најважниот играч на актуелниот шампион на Европа и Шпанија, беше во животна форма и сосема заслужено ја доби оваа награда.
Во својата изјава тој истакна дека е особено горд на тренерот Анчелоти и голманот Куртоа.
„Минатата сезона беше посебна за нас, особено во ЛШ. Градевме самодоверба, што беше клучно во претходната сезона. Бевме добри во финалето, но мораме да му се заблагодариме на нашиот голман за тој натпревар.
Карло Анчелоти е одлична личност и пред се одличен професионалец. Тој има исклучителен однос со сите играчи, со сите нас. Тоа е она што беше клучно за успехот на Реал Мадрид“, изјави Бензема.
Во женска конкуренција за најдобра фудбалерка е прогласена Алексија Путелас, вторпат по ред.