Карло Анчелоти е избран за тренер на годината во Европа.

Шампионот на Европа и Шпанија во претходната сезона имаше што да каже.

„Благодарам на УЕФА за оваа награда. Благодарам на Саки, тој е мојот учител, тренерската кариера ја започнав благодарение на него. Му благодарам на претседателот што ми даде можност да се вратам во Мадрид“, изјави Анчелоти кој продолжи со набројувањето кому му е благодарен, вклучително и неговото семејство.

Тој ја откри и причината поради која неговиот тим го освои шампионатот.

„Минатата сезона беше одлична сезона, створивме исклучителна хемија, вистинска конекција“, објасни тој зошто неговиот тим ја освои Лигата на шампионите.

Се чини заслужено, неговиот тим успеа да се врати од невозможни ситуации, најмногу благодарение на него.

Сарина Вигман е најдобриот тренер меѓу дамите.