Ждрепката за групната фаза од новата сезона во елитното натпреварување беше одржана во Истанбул, градот домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2023 година.
Група А: Ајакс, Ливерпул, Наполи, Ренџерс
Група Б: Порто, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Клуб Бриж
Група Ц: Баерн Минхен, Барселона, Интер, Викторија Плзен
Група Д: Ајнтрахт, Тотенхем, Спортинг, Олимпик Марсеј
Група Е: Милан, Челзи, Салцбург, Динамо Загреб
Група Ф: Реал Мадрид, Лајпциг, Шахтјор, Селтик
Група Г: Манчестер Сити, Севиља, Борусија Дортмунд, Копенхаген
Група Х: ПСЖ, Јувентус, Бенфика, Макаби Хаифа
Најголемо внимание привлекува групата Ц, каде што точињата решија да се сретнат Баерн Минхен, Барселона и Интер, додека споредна улога таму треба да има Викторија Плзен.
За македонските фудбалски фанови секако се издвојува групата Е во која Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски за ривали ќе ги има Милан ,Челзи и Салзбург .
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид имаше малку повеќе среќа од вообичаено, па за ривали ќе ги има Лајпциг, Шахтјор и Селтик.
Најизедначена група се чини дека е групата Д во која е освојувачот на Лига Европа – Ајнтрахт Франкфурт, потоа Тотенхем, Спортинг и Олимпик Марсеј.