Пол Инс имаше интервју за „Дејли Стар“, во кое го сподели својот став за случајот Роналдо. Тој смета дека Португалецот е дрзок со својот став и однесувањето и дека подобро за сите е ако си замине.
„Рој Кин и јас никогаш не би гo трпеле однесувањето на Роналдо. Тој мора да го напушти Манчестер јунајтед. Да беше во соблекувалната на Манчестер кога игравме јас или некој како Рој Кин или Стив Брус, ние нема да ги трпевме тие сра*а и тој немаше лесно да си поминува“, изјавил Инс.
Роналдо почна од клупата на дербито со Ливерпул од клупата, Манчестер поведе со 2-0 без него, па влезе во игра во вториот дел, при 2-1, што остана и конечен резултат.
„Тоа што Тен Хаг го изостави од почетните 11 против Ливерпул е од голема важност, бидејќи луѓето можеа да видат дека може да има живот и без Роналдо. Тој е само дефокус за сите во Манчестер. Го намеш посакуваниот ефект во клубот, кој сите го очекуваа, а да беше Лионел Меси, не верувам дека ќе го видевте да се однесува вака“, дополнува Инс.
Тој беше член на Манчестер од 1989 до 1995 година, па со Рој Кин се затекнаа две сезони, бидејќи Ирецот почна во 1993 и опстоја 12 сезони на „Олд Трафорд“.
Роналдо и понатаму го држи желбата да си оди од Манчестер, но летово не се најде клуб кој сака да го купи и може да си го дозволи, истовремено. Претходно, за Роналдо не зборуваа со симпатии и Џејми Карагер, дури и Гери Невил.