Утре вечер во првиот меч од плеј-офот во Лигата на Шампионите, турскиот шампион му гостува на Копенхаген, натпревар кој се игра главниот град на Данска.

И дефинитивно нашиот репрезентативец Енис Барди ќе биде еден од адутите на Трабзон на последната пречка за влез во групите во ЛШ. Тој е во експедицијата на турците кои утринава со специјален чартер лет отпатуваа за Копенхаген.

Се очекува Енис Барди своето деби за својот нов клуб да го има токму утре, во еден од најважните мечеви за Трабзон во новата сезона.

Image