Томас Тухел, менаџерот на Челзи, би можел да биде на удар на дисциплинските власти во англиската ФА и Премиер лигата.
Германскиот стручњак исто како и неговиот колега од Тотенхем , Антонио Конте заработи исклучување, поради конфликтот со Италијанецот на крајот од мечот на Стемфорд Бриџ, кој заврши со резултат 2:2.
Сепак, по натпреварот, менаџерот на Челзи даде жесток коментар за судењето на Ентони Тејлор, што не е дозволено. За Тејлор рече дека „не треба повеќе да ги суди натпреварите на Челзи“. „Можеби би било подобро така, навистина. Имаме ВАР за да помогне да се донесат правилни одлуки. Од кога играчите можат да се влечат за коса, од кога тоа е дозволено? Ако тој не го виде тоа, не го обвинувам .Но луѓето во ВАР просторијата можат да проверат,таму се гледа се.Како не е фаул,како не е црвен картон?Како?И ова нема врска со судијата. „Видете, затоа има луѓе кои можат да проверат дали направил грешка или не“, рече Тухел.
Германецот изјави дека сите играчи во соблекувалната на Челзи го делат истото чувство. „Можам да ве уверам дека сите во соблекувалната го мислат истото. Не разбирам како првиот гол не беше офсајд и не разбирам како кога ќе ја влече косата, играчот може да остане на теренот. Повлечете некого за коса, останете во игра и нападнете го последниот корнер. Нема објаснување за такво нешто и тоа не го прифаќа,. Двата гола мораа да бидат поништени бидејќи бевме одлични и заслуживме да победиме. Тоа е мое мислење“, изјави Тухел.