Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, беше многу разочаран по ремито против Осасуна (2-2). Каталонците двапати водеа во Памплона, но примија израмнувачки гол и мораа да се задоволат со само еден бод.
„Итно ни е потребна победа бидејќи сме свесни дека се наоѓаме во критична ситуација. Не одигравме лошо, но резултатот не ни одговара. Во оваа фаза поставуваме краткорочни цели. Ако гледаме во иднината, мислам дека младите ќе се докажат и ќе донесат многу успеси на клубот“, изјави Пике.
На Барселона итно и е потребна победа.
„Сега треба само да почнеме да победуваме. Постепено ќе одиме нагоре. Не ни недостига желба, се трудиме. Резултатите ќе дојдат наскоро“, додаде дефанзивецот на каталонскиот ти,
Барса е на 8. место во поредокот во Ла Лига со 24 бодови.