Италијанскиот стратег е импресиониран од Руслан Малиновски од Аталанта и верува дека со него „росонерите“ можат да бидат далеку посилен тим. Украинецот има договор со тимот од Бергамо до јуни 2023 година.

Неговата цена на трансфер пазарот е 30 милиони евра, па можно е Милан да понуди и повеќе за да ја убеди Аталанта на продажба. Малиновски оваа сезона има постигнато шест голови, а последниот го даде на дербито со Јувентус вчера од голема далечина.