Поранешниот италијански шампион Јувентус триумфираше на гости кај Милан на „Сан Сиро“ со 1-0 и ги освои трите бода во деветтото коло од Серија А.
Првото полувреме го одбележа црвениот картон на Малик Тиао, кој со боречки зафат го запре Моис Кин кон голот на Миранте.
Мрежите мируваа сè до 63. минута кога Мануел Локатели го постигна единствениот гол на натпреварот и ги обезбеди бодовите за „Старата дама“.
Интер е лидер во Серија А со 22 бодови, а зад себе ги има Милан со 21 и Јувентус со 20 бода, додека Фиорентина е четврта со 17 бодови.