Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, е меѓу главните ѕвезди на Европско првенство во Германија, а од неговите настапи воодушевен е и легендарниот ас на Барса, Андрес Иниеста.
Иниеста веќе долго време игра далеку од европските рефлектори. По одреден период во Јапонија, сега е во Обединетите Арапски Емирати. Сепак, далеку од тоа и дека не следи што се случува на Стариот Континент.
Легендарниот играч за врска на Барселона внимателно ги следи случувањата на Европското првенство, а според него, најдобар играч на турнирот е небрусениот дијамант Ламин Јамал.
Јамал има 16 години и за време на турнирот блеска на теренот, додека во слободно време полага испити за училиште. Станува збор за дете кое дефинитивно спаѓа во категоријата на уникатни фудбалери.
И самиот Иниеста е во неверување, што го потврди и поранешниот ас на Барселона со порака дека треба да се внимава на напредокот на Јамал.
Тој во суперлативи говори за играта на 16-годишното момче, кое досега на ЕП не се запиша во листата стрелци, но имаше три асистенции и правеше голема разлика на теренот.
„Не е во границите на нормалното тоа што го прави Јамал. Има само 16 години, а веќе е важен дел од составот на Барселона и на тој во репрезентацијата. Треба да го охрабриме да продолжи така. Ситуации како неговата се ретки“, изјави Иниеста, кој со гол ѝ донесе титула светски шампион на Шпанија на Мундијалот во Јужна Африка прд 14 години.
Јамал нова шанса да ги потврди зборовите на легендарниот сонародник ќе има веќе утре, кога Шпанија во Минхен ќе ги одмери силите со Франција во полуфиналето на континенталниот собир.