Поранешниот италијански прволигаш и екс-клуб на капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, Кротоне забележа тотален крах во фудбалската историја на Апенините, откако стана првиот клуб во последните две децении, кој успеал во две сезони од првата лига да истурка до третолигашки статус.
Кротоне денеска го победи вториот Кремонезе со 3-1, но сето тоа беше залудно зашто остана претпоследен на две кола до крајот, со недостижни шест бода зад зоната за баражи, а десет од сигурната зона, па со тоа оди во Серија Ц.
Кротоне е прв клуб во Италија после Спал во периодот од 2002 до 2004 кој во две сезони успеал од калчолигашки статус да стигне до третолигашки ранг. Па сега Кротоне е прв во изминативе две децении кој успева да го достигне овој неславен рекорд.
Ристовски за Кротоне играше во сезоната 2011/12 на заем од Парма.