Тинејџерот Гави, еден од најголемите таленти на Барселона во последните години, ја одбил првата понуда на клубот за нов договор. Раководството на каталонскиот клуб му понудило 2 милиони евра по сезона што е далеку помалку од барањата на фудбалерот.

Гави бара четиригодишен договор, за почеток плата од 4 милиони евра годишно,а секоја наредна сезона платата да се зголемува за 1 милион евра.

Финансиската состојба на Барселона сепак не дозволува клубот да нуди големи плати во моментот.
Развојот на настаните го следи Ливерпул кој е подготвен да ја плати неговата откупна клаузула која изнесува 50 милиони евра, а и да му даде одлични 9 милиони евра по сезона на Гави.