Барселона и трет натпревар по ред загуби на својот стадион. По поразот од Ајнтрахт во Лигата на Европа (2:3) во шпанското првенство, бодовите од Камп Ноу ги одземаа Кадиз, а синоќа Рајо со минимални 1:0.
Ги искомплициравме нашите животи, но сè уште е под контрола“, изјави тренерот на Барселона, Чави. На пет кола пред крајот Барселона е второпласирана и во добра позиција да освои едно од првите четири места и пласман во Лигата на шампионите следната сезона. На петтопласираниот Бетис му бегаат шест бода.
“Бевме деветти во ноември. Не се плашиме да играме, но работите се комплицираат. Ајде да одмориме и да размислиме за Мајорка. Имаме пет меча до крајот на сезоната”, додаде Чави, мислејќи на поразот на Рајо.
„Не знам што се случи со тимот по победата на Ел Класико. Сите бевме возбудени поради таа добра серија и добрите игри што ги одигравме. Бевме возбудени поради можна борба за титулата и сега треба да се мотивираме. Лут сум и разочаран. Денеска направив грешка како тренер. Особено во мотивацијата на играчите. Мислев дека дадов се, но не беше така“.