Од југот на Србија ни доаѓаат немили ситуации од фудбалски натпревар. Страшна сцена а во центар на вниманието е фудбалер на Раднички од Крагуевац, кој со еден опасен старт му ја скрши ногата на противничкиот играч.

Пишчевиќ доби црвен картон, откако со опасен старт во 49. минута му ја скрши ногата на Митошевиќ, а сцените на теренот беа навистина вознемирувачки.

Веднаш интервенираа медицинските екипи, по што повредениот фудбалер беше префрлен во болница со возило на Брзата помош за понатамошна рехабилитација.