Истанбулспор сигурно чекори кон елитната лига во Турција. Македонскиот репрезентативец Валон Етеми му донесе нова победа на Истанбулспор со 3-1 против претпоследната Бурсаспор и го донесе својот клуб на чекор до водечките две позиции кои водат во турската Суперлига.
Етеми постигна гол во 68-та минута и реализираше рутински откако со прв допир на топката, после долго додавање се ослободи од својот чувар и излезе пред голманот, па погоди во мрежата за многу важен триумф на Истанбулспор, со кој сега овој клуб има 54 бода од 30 меча, а вториот Урманијспор има само три бода повеќе.
Розган промаши пенал во 31-та, Јазган донесе израмнување во 33-та после водството на Бурса преку Аласгаров во 7-та, па Етеми го постигна клучниот гол за победата, за на крај Топали во 96-та да го потврди триумфот. За Етеми ова беше шести гол во тековната сезона во турската втора лига.