Монако оствари многу голема победа за да дојде на чекор до местата за Лигата на шампионите, откако вечерва со пресврт го добија „дербито за европската елита“ со триумфот кај директниот ривал Рен со 3-2.
Иако Таит по само 180 секунди го донесе Рен во водство, „кнезовите“ успеаа да направат пресврт во второто полувреме, откако брзо се вратија во мечот со израмнување со голот на Вандерсон во 12-та, а потоа Висам Бен Једер во 57-та погоди за прво водство, а Боаду на 13 минути пред крајот по асистенција на Вандерсон стави печат на победата.
Кога веќе сѐ беше решено, во втората минута од судиското надополнување, Терие погоди за да го ублажи поразот со втор гол за Рен.
Монако со четвртата победа во серија и 15-та сезонава, сега е четврти со 53 бода, еден пред Стразбур кој има меч повеќе, а три зад Рен, кој ја држи третата позиција која директно води во европската елита.