Феникс Санс пред четири години го имаа најлошиот сооднос во целата НБА лига (21-61), сега го имаат најдобриот (64-18).
Мемфис Гризлис беа веднаш над нив (22-60), сега се малку под (56-26). Далас Маверикс ја завршија таа сезона како трет најлош тим во лигата со 24-58, а сега се 52-30 четврти на Западот и петти во целата лига.
За европските љубители на спортот, системот на професионални лиги без испаѓање е неприроден. Клубовите од дното не мора да се плашат со испаѓање, а позитивно е што повеќе порази им гарантираат поголема шанса за подобра иднина во форма на подобти драфт позиции пред почетокот на наредната сезона.
Во земја каде што бизнисот и профитот се пред самиот спорт, таквиот систем е разумен, оправдан и во комбинација со регрутирање играчи од универзитетската лига и другите континенти, функционира на најдобар можен начин. Во поновата историја немало случај клубот да банкротира или да отиде во стечак. Најлошото нешто што може да и се случи на една франшиза е да се пресели во друг град.