Светската фудбалска федерација ја лансираше дигиталната платформа ФИФА +, која овозможува бесплатно гледање на содржини од фудбалските фанови ширум светот.
„Серијата „Капитени“ наскоро ќе биде достапна таму, во која шестмина капитени ќе бидат претставени зад сцената додека ги водат своите земји во квалификациите за Светското првенство во Катар, вклучувајќи го и Лука Модрич“. Серијата која ги истражува лидерските квалитети на секој поединец ги вклучува Пјер-Емерик Обамејанг (Габон), Брајан Калтак (Вануату), Андреа Блејк (Јамајка), Хасан Маатук (Либан) и Тиаго Силва (Бразил). Netflix е заинтересиран да ја купи серијата.
Во 2022 година, повеќе од 29.000 преноси во живо на машки и повеќе од 11.000 преноси во живо на женски натпревари ќе бидат емитувани на платформата ФИФА +. „Што се однесува до архивите, ФИФА + ги нуди сите натпревари на Светското првенство за мажи и жени кои некогаш биле снимени на камера, со вкупно повеќе од 2.000 часа архивска содржина.
Навивачите имаат можност да гледаат репризи на цели натпревари, најинтересните моменти и голови на едно место. Архивата на ФИФА + започнува со повеќе од 2.500 видеа кои датираат од 1950-тите, а ќе има уште многу во текот на годината“, се заклучува.