Леванте на Енис Барди го запиша и 11-от пораз оваа сезона откако вечерва на гостувањето кај Виљареал доживеа вистински дебакл. „Жолтата подморница“ славеше со убедливи 5.0, а Леванте се побрзо се движи кон второлигашката конкуренција.

Нашиот репрезенттаивец почна во првиот тим на гостите, но не го заврши мечот откако беше заменет во 78. минута. Победата на домашните беше обезбедена со погодоците на Диа (8’), Торес (13’), Морено (37’ и 79’) и Тригерос (74’).

Standings provided by SofaScore LiveScore