По три натпревари без триумф во Премиер лигата, Челси вечерва конечно успеа да совлада некого и да се тргне од зоната за испаѓање
Во тие три меча, „сините“ не постигнаа ниеден гол, загубија од Нотингем Форест и Астон Вила со 0-1, а со Борнмут одиграа 0-0, но денеска како гости го победија Фулам со 2-0 и сега имаат дури и позитивна гол-разлика. Се беше решено во период од две минути, Мудрик погоди во 18., а Броја во 19. и потоа до крајот Челси умешно ја чуваше предноста, без многу да се изложува на ризик. За украинскиот фудбалер, тоа беше прв гол во дресот на Челси каде дојде минатиот јануари, но и тој и Броја и Каиседо подоцна се повредија и не го дочекаа крајот на натпреварот.
Челси ја оствари втората победа во Премиер – лигата и донесе барем малку радост за своите фанови и сега имаат осум бода.