Левандовски на крај на сезоната можно е да се пресели во Саудиска Арабија. Богатите клубови од Саудиска Арабија во изминатите два преодни периоди ангажираа голем број ѕвезди од европскиот фудбал, а наскоро по тој пат може да тргне и напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски.

Англиските медиуми пишуваат дека Левандовски летово добил неколку понуди од С. Арабија, но решил да остане во каталонскиот клуб барем уште една сезона.

Левандовски има договор со каталонскиот гигант до јуни 2026 година, но најверојатно нема да го одработи до крај затоа што решил во следните месеци да почне преговори со неколку богати тимови.

Полјакот пристигна во Барселона во 2022 година од Баерн Минхен, а досега настапи на 55 натпревари и постигна 39 голови.