Најдобриот шпански тенисер Карлос Алкараз одигра уште еден одличен натпревар на турнирот во Пекинг, каде што славеше против Каспер Руд за пласман во полуфинале.
Руд направи брејк на стартот на натпреварот за водство од 3-0, но потоа Алкараз освои четири гема по ред, со два брејка, за водство од 4-3 кое го задржа до крајот на сетот (6-4).
Алкараз заигра уште подобро во вториот сет, каде што повторно направи два брејка, иако Норвежанецот даде поголем отпор (6-2).
Шпанецот во полуфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Григор Димитров и Јаник Синер.