Каталонскиот гигант Барселона потпиша нов договор со големиот талент Ламине Јамал. 16-годишниот фудбалер веќе е стандарден првотимец и се најавува како „новиот Меси“ во шпанскиот и во светскиот фудбал.
Јамал дебитираше во првиот тим минатата сезона против Бетис на 29 април.
Младиот крилен напаѓач потпиша договор до 30 јуни 2026 година, а Барселона се заштити со отштетна клаузула од милијарда евра.
https://x.com/FCBmasia/status/1708817947865543008?s=20