Домаќините беа на повисоко ниво, чекор понапред од големиот ривал и заслужено дојдоа до триумфот со кој ги израдуваа навивачите.
Меѓутоа потегот на натпреварот, а можеби и на сезоната го имаше гостинскиот играч Томаш Саторански кој имаше брутално забивање над 213 сантиметри високиот Венан Поарје. Чехот беше бесен и целата енергија ја вложи во ова забивање по кое доби техничка грешка и мораше предвреме да го заврши второто сезонско „Ел Класико“.