Чудесното дете, младиот македонски пливачки маратонец, Марко Пејчиновски го започна десеттиот пливачки маратон во водите на Охридското езеро, и тоа на патеката Охрид – Струга – Св. Наум – Охрид во должина од 64 километри.

Македонскиот пливач ќе стигне до бројката од 10 маратонски препливувања со вкупна должина од 250 км, а целта на младото момче е со личен пример да ги инспирира луѓето никогаш да не се откажуваат од нивните соништа.

Марко кој има хендикеп односно некроза на ногата, првпат стана познат на јавноста пред четири години, кога со 12 години како најмлад во историјата го преплива Охридското езеро.