Горица и официјално доби нов тренер. Ниту 24 часа по отказот на Самир Топлак, на клупата на Горица пристигна поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски.
Официјално е потврдено дека Игор Ангеловски е нов тренер на Горица. Ангеловски го презеде тимот откако синоќа Самир Топлак забележа нов пораз и доби отказ.
„Одлуките за промена на тренерот отсекогаш биле најтешки за мене лично, но токму таквите одлуки мора да бидат на грбот на претседателот на клубот. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на Самир Топлак и Бранко Лаѓевиќ за сето позитивно што ќе остане зад нив во Горица. Игор Ангеловски е наш избор и убеден сум дека почитта што ја создаде по одличните резултати на македонската репрезентација, заедно со новите искуства, ќе се претвори во нова димензија на Горица. Драго ми е што оваа работа ја завршивме многу брзо , а веќе денеска сме сите заедно на чело со новиот тренер во подготовките за следниот натпревар на Горица со Вараждин“, изјави Ненад Чрнко за клупската веб-страница.
Ангеловски ја следи состојбата во ХНЛ и не би требало да има проблем да се прилагоди.
„Ги следам сите натпревари во хрватската лига уште од времето кога бев селектор на Македонија бидејќи многу играчи играа во хрватските клубови, така што можам да кажам дека одлично ја познавам ситуацијата во ХНЛ. Задоволство е да се биде тренер во оваа лига бидејќи од година во година е se поквалитетнa и секако тоа е голема мотивација за тренерот“.
Македонскиот стручњак се претстави, има доста успеси досега и се надева дека ќе продолжи taka и во Горица.
„Во првата сезона како тренер во Работнички ја освоивме двојната круна, vо конкуренција на големите македонски клубови како Вардар и Шкендија. Следната сезона Работнички заврши на второто место во првенството, но повторно го освои македонскиот фудбалски куп. Потоа станав селектор на Македонија и останав на таа функција шест години.Постигнавме историски успех со тоа што за првпат се пласиравме на ЕП 2020 и во квалификациите за Светското првенство ја победивме Германија на гости (1:2) и многу сум горд на тие резултати.Сега ме чека нов предизвик и многу сум мотивиран да влезам во него“.
Ја познава Горица и верува дека се работи за квалитетна екипа.
„Најважно ми е што сме добри како тим, тоа треба да ни биде на прво место, а поединците мора да бидат дел од тимот и секој играч да го даде својот максимум во интерес на клубот за да постигнеме најдобри можни резултати. Горица има квалитет и мислам дека може да постигне подобри резултати, тоа е најголемата причина поради која се согласив да ја преземам клупата на Горица.Нема да давам изјави, мојот начин на работа е да одам полека.Во моментов најважно за нас е гостувањето во сабота, мораме добро да се подготвиме и да одиме на тој натпревар за да постигнеме позитивен резултат“.