Манчестер Јунајтед загуби од Атлетико со 0:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите на својот Олд Трафорд и испадна од натпреварувањето со вкупни 1:2. Голот за одлука го постигна Бразилецот Ренан Лоди во 41. минута, а тоа беше негов прв гол во 25. настап во Лигата на шампионите.
Големо внимание на навивачите и медиумите на овој натпревар беше насочено кон Кристијано Роналдо, ѕвездата на Манчестер Јунајтед. Португалецот постигна хет-трик на натпреварот пред Атлетико, но не го одигра својот најдобар натпревар на Олд Трафорд. Посебно интересна е неговата најава на ден пред натпреварот, која требаше да ги мотивира играчите и навивачите на Манчестер, а по поразот од Атлетико и испаѓањето од Лигата на шампионите, стана предмет на потсмев на навивачите.
Театар на кошмари
„Утре е еден од оние денови на кои сите со нетрпение очекуваме. Шанса да им покажеме на луѓето зошто Олд Трафорд е познат и како Театар на соништата. “, напиша Роналдо. По натпреварот доби грст незгодни коментари.
“Добро Роналдо, имаш ли број од Мегваер? Како си помина на вчерашниот натпревар? Во кој свет? Идол кој старее. Далеку од Јувентус а пак губиш. Хари Мегваер те поздравува”, се само некои од коментарите што му ги оставија по натпреварот следбеници на социјалните мрежи.