Италија загуби сензационално на домашен терен од Македонија (0:1) во дополнителните мундијалски квалификации. Актуелниот европски првак за првпат во историјата ќе пропушти две светски првенства во низа.
Секако, по овој расплет, во италијанските медиуми владее неверување. Tuttosport на насловната со фотографија од скршените Донарума и Киелини пишува „Нееееееееееее!“ потенцирајќи дека голот на Трајковски во Италија им го одзеде второто последователно СП во судиското продолжение.
„Кориере дело спорт“ пишува „Во пеколот“ со слика на очајни репрезентативци, а за елиминацијата од борбата за Мундијалот наведува дека тоа е „шок кој долго ќе се памети“.