Јапонија води со 1-0 против Хрватска по првото полувреме со голот на Даизен Маеда кој реализира голема шанса во казнениот простор на Ливаковиќ.

Маеда доби добра топка на неколку метри пред голот на хрватскиот голман и без проблеми го матира за водство од 1-0.

  Азиската селекција која во групната фаза ги победи Германија и Шпанија, сега одлично игра и во дуелот со Хрватска.

Хрватска подобро го отвори мечот, Коцкестите доминираа во поседот на топка, но немаа некоја посериозна шанса. Како одминуваше полувремето, Јапонците покажуваа дека може да бидат опасни, изведоа три корнери и токму од третиот удар од аголот направија акција за гол и предност на полувреме.