Со неверојатен пресврт, фудбалерите на Реал Мадрид успеаја да извојуваат победа од 3-2 на гости кај Севиља во натпреварот од 32. коло на Примера и со тоа сериозно се доближија до титулата.

Клубот од Андалузија водеше со 2-0 во првото полувреме, а во второто „кралевите“ постигна три гола и го замолкнаа „Санчес Писхуан“.

По големиот пресврт следуваше славје во соблекувалната на Реал, но особено впечатлива беше реакцијата на еден играч. Се разбира, станува збор за Герет Бејл, кој не играше на натпреварот и како да немаше многу причини да се радува со соиграчите.

https://twitter.com/realmadrid/status/1515812283657732100?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1515812283657732100%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.gol.mk%2Ffudbal%2Fkralevite-ludo-ja-slavea-pobeda-vo-sevilja-no-ne-i-geret-bejl