Атлетико Мадрид испука петарда на гости кај Ваљадолид и му нанесе катастрофален пораз со 0-5 во шпанската Примера.
Гостите од Мадрид во рок од 11 минути на трипати ја погодија мрежата на Ваљадолид од 26. до 37. минута. Водство донесе стоперот Ленгле, а потоа стрелци беа аргентинците Хулиан Алварез и Родриго Де Пол. Атлетико имаше и еден поништен гол на Хименез.
На стартот на вториот дел францускиот ас Антоан Гризман зголеми на 0-4 по асистенција од Алварез. Во вториот дел темпото опадна, а Сорлот во 92. минута го постави конечниот резултат.
Голот на францускиот напаѓач во 52. минута беше навистина спектакуларен.
Гризман на патот кон голот се ослободи од Јуриќ играјќи двојно додавање со Алварез, ја прими топката мајсторски со пета а потоа со луциден потез го совлада противничкиот голман.
Успеа Атлетико да ѝ се приближи на Барселона која е во криза на само два бода, а барем привремено го надмина и Реал Мадрид.