Вечерва беа одиграни два осминафинални натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ), при што ПСЖ дури во 94. минута го совлада Реал Мадрид со 1-0 во Париз, додека Манчестер сити веќе е со една нога во четвртфинале бидејќи вечерва славеше со убедливи 5-0 во првиот меч против Спортинг Лисабон.

Парижаните издоминираа во првиот осминафинален меч против шпанскиот гигант, меѓутоа патот до мрежата на Тибо Куртоа едвај успеаа да го пронајдат, иако најголемата шанса на натпреварот ја имаше аргентинскиот магионичар Лионел Меси, кој не успеа да реализира удар од белата точка во 61. минута.

Во завршницата од натпреварот уште неколку шанси имаа Нејмар и Килијан Мбапе, меѓутоа „кралевите“ успешно се одбранија од налетите на францускиот гигант и таман кога помислија дека ќе си одат со празна мрежа на сцена стапи Мбапе, кој во 94. минута погоди за 1-0

https://twitter.com/PLWeek22/status/1493705027386544132?s=20&t=d8f8buyNXXsotTBn6Eab8A

https://twitter.com/brasilcoast2/status/1493705390340689927?s=20&t=d8f8buyNXXsotTBn6Eab8A