Англискиот великан Манчестер јунајтед, кој е трикратен европски првак на својот кормилар Ерик Тен Хаг, кого го донесе од Ајакс му ветил неверојатна премија ако успее веќе во новата сезона да ги врати „црвените ѓаволи“ во ЛШ.

Делува многу чудно и нелогично, ама Тен Хаг го чека премија од дури четири милиони евра (три милиони фунти) само за да го однесе Јунајтед преку Премиерлигата во ЛШ, објавија англиски медиуми.

И колку за споредба, Карло Анчелоти, тренерот на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид доби еден милион евра премија за трофеите во Ла Лига и во ЛШ, четирипати помалку од тоа што Тен Хаг би го добил само да го пласира англискиот великан во елитата. Дел од навивачите, дури се прашуваат, колку премија би добил Тен Хаг за европска титула.

Холанѓанецот на „Олд Трафорд“ ќе има девет милиони фунти годишна плата, а пласманот во ЛШ за Јунајтед е императив сезонава, зашто втора сезона без настап во елитата според финансиски експерти ќе им донесе дополнителна дупка во делот на загубите и долговите од дури 90 милиони фунти.