Пред само две кола им „украдоа“ бод  на „Стемфорд Бриџ“, фудбалерите на Брајтон останаа непоразени и на домашен терен против екипата на Челзи во единствениот вечерашен меч од 24. коло на англиската Премиер лига.

„Сините“ дојдоа до водство преку Зијех уште во 28. минута, и успеава да одолеат на домашните обиди за израмнување се до 60. минута. Тогаш следуваше погодокот на Адам Вебстер кој повтроно ја „смрзна“ клупата на Челзи.

До крајот на мечот домашните успеаја да се одбранат и да го запишат 11-от нерешен меч сезонава.