Фудбалскиот натпревар во Костарика меѓу Гуанакастеца и Либерија се претвори во хаос по само 26 минути игра. Дуелот започна отворено и имаше три погодоци, а гостите водеа со 2:1, кога во 26 минута теренот се претвори во боксерски ринг .
По еден фаул настана метеж, фудбалерите почнаа да се туркаат, но не делуваше дека тоа може да доведе до хаос во кој ќе учествуваат речиси сите фудбалери на двата тима. Редарите се обидуваа да ги смират завојуваните играчи, но не можеше да се избегне тепачката која го обиколи целиот свет.
Во бркотницата летаа боксови, клоци, по некој „кунг-фу удар“… И додека дојде обезбедувањето, не запреа со пресметки, па еден играч поради повредите мораше да си замине, ама нервозата остана.
Дуелот беше пријателски и роденденски во чест на 50-годишнината на Гункастеко, па откако после подолго време се смирија страстите, се доигра дуелот кој заврши без победник 3-3. .
„Ова е срамота. Проблемот е во играчите. Ние играме пријателски меч, а тие дошле да се тепаат. И не е ова прв пат“, рече Јосимар Ариас, тренерот на домаќините.
„Ова е голема дамка на нашиот фудбал, не смее да се случува, ама…“, додаде Диего Мадригал, тренерот на Либерија.