Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Штутгарт, Борна Соса, објави „Билд“. Со оглед дека Марк Кукуреља од Брајтон е тешко достапен за „граѓаните“ и многу поблиску е до трансфер во Челзи, Пеп Гвардиола гледа на 24-годишниот лев бек на Штутгарт како алтернатива.
Минатата сезона хрватскиот дефанзивец одигра 30 натпревари за германскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и девет асистенции.
Договорот на Соса со Штутгарт е до 30 јуни 2025 година.