Белградски Партизан започна одлично на гостувањето во Кипар и имаше водство од 1-0, но сепак на крајот беше поразен од АЕК Ларнака со 1-2 во третото квалификациско коло за Лига Европа.
Партизан постигна гол по само 18 минути игра преку Куинси Мениг, додека АЕК до израмнување стигна преку Ангел Гарсија во 34. минута .
Црно-белите играа добро и во второто полувреме, додека АЕК немаше шанса до 66. минута, но сепак потоа успеа преку Хрвоје Миличевиќ да направи пресврт (2-1).
Македонскиот напаѓач Иван Тричковски остана на теренот до 61. минута, кога беше заменет од Алтман.
Реваншот меѓу Партизан и АЕК Ларнака се игра на 11 август во Белград.