Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, смета дека навивачите на стадионите треба да носат маски. Тој рече и дека не му е јасно зошто е сменето правилото.
Во Премиер лигата изминативе денови беа откажани неколку натпревари поради зголемениот број заболени од коронавирус, а Гвардиола смета дека навивачите на стадионот меѓусебно се загрозуваат.
“Не би сакал повторно да играм пред празни трибини. Многу е поинаку да се игра кога навивачите се таму, но има се повеќе заразени луѓе во светот, не само меѓу фудбалерите. Луѓето на стадионот можат да го заразат некој друг затоа што носењето маска не е задолжително“, рече Гвардиола.
Ме чуди. Излегуваш, одиш во трговски центар, каде луѓето купуваат подароци за своите семејства, а никој не носи маска. А уште од почетокот на пандемијата, научниците нагласија дека најдобра заштита е да се носи маска и да се дезинфицираат рацете. Така ќе имаме отворени ресторани, клубови, гледање фудбал. Не ни требаат нови забрани“.
Неговиот Сити денеска од 16 часот игра против Лестер.