Кристијано Роналдо се уште нема донесено одлука дали ќе му се приклучи на тимот по враќањето на Манчестер Јунајтед од турнејата во Австралија, но во меѓувреме, шоуто го украде неговата поубава половина.
Георгина Родригез се најде во центарот на вниманието поради последната објава на социјалните мрежи која набрзо доби милиони лајкови и споделувања, а која всушност е одговор за критиките и злите јазици.
Атрактивната Георгина доби доста критики од жолтиот печат поради изданието на годишниот одмор на Мајорка во друштво на Кристијано, бидејќи беа потенцирани несовршените делови од телото по тешкото породување.
Како одговор за сите, Родригез реши да сподели едно провокативно видео на Инстаграм, па со истото ги запали социјалните мрежи и ги стави во втор план шпекулациите за иднината на Роналдо.
View this post on Instagram