Чарлс Леклерк од Ферари ја освои првата позиција на квалификациите за ГН на Франција кои се возеа на патеката „Пол Ришар“ во Ле Кастелет.
Возачот на Монако беше најбрз и заврши на првото место, пред двајцата возачи на Ред Бул. Второто место му припадна на Макс Верстапен, додека третопласиран беше Серхио Перез.
Од четвртата позиција ќе тргне Луис Хамилтон од Мерцедес, па следат Ландо Норис, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Јуки Цуонда…
Трката за ГН на Франција се вози утре (недела) од 15:00 часот.