По две трки во Формула 1 оваа сезона, јасно е дека Мерцедес сериозно заостанува зад своите ривали од Ред Бул и Ферари. На трката за ГН на Саудиска Арабија, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон беше само десетти, речиси десет секунди зад деветтиот Кевин Магнусен од Хас.
„Не можев да го следам Хас“, беше шокиран Хамилтон по трката, а неговиот тимски колега Џорџ Расел, кој заврши петти, рече нешто многу значајно: „Бевме 30 секунди зад победникот“.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, беше бесен по трката во Саудиска Арабија.
„Луис и Џорџ завршија добра работа, и двајцата би можеле да бидат неколку места понапред, но за жал немаат автомобил способен за тоа во моментов. Ние го немаме автомобилот што го сакаме. Заостануваме во сè. “, изјави Волф, кој беше незадоволен од квалификациите.
По две трки тој е четврти со 22, а Хамилтон петти со 16 бодови, додека лидерот на Ферари, Шарл Леклер има 45. Следната трка е на 10 април за Големата награда на Австралија.