Новак Ѓоковиќ од среда е во прифатилиштето за имигранти во Мелбурн, каде ноќта од недела кон понеделник, по македонско време, ќе ја дознае одлуката на судот до кој се жалеле неговите адвокати.
За прв пат по скандалот со Ѓоковиќ, јавно проговори и директорот на Австралија опен, Крег Тили. Тој беше гостин во утринска програма на австралиската телевизија и се обиде да објасни што се случува.
„Од почетокот рековме дека наш приоритет е безбедноста на Австралијците. Секој што доаѓа овде мора да биде одговорен, па затоа донесовме одлука да се вакцинираме. За време на УС Опен, педесет проценти од тенисерите беа вакцинирани, сега 97 проценти и тоа е наша заслуга, со оглед на можноста за медицински изземање, имаше контрадикторност и лажни информации, па постојано добивавме барања за играчи за тимот. Сите информации и се што знаевме, им кажавме на играчите, кои добро знаеја какви се условите за доаѓање во Австралија, кои вакцини беа прифатени и се останато. Бевме блиску до договор со владата на Викторија за медицински изземање и играчите мораа да поминат низ два панели на експерти“, рече Тили.
„Да не ги правиме работите подобри отколку што се, кој е виновен? – праша водителот.
“Никој не е виновен. Сето ова време кружеа лажни информации. Разговаравме со сите и бевме убедени дека ја правиме вистинската работа. Секој што ќе дојде мора да се вакцинира и тоа е тоа. Нема да обвинам никого и јас знаеме што можеме ние како турнир да направиме“, повторно нејасно одговори Тили.
Новинарот потоа го праша дали би сакал да го види Ѓоковиќ на Австралија Опен.
„Да, би сакал да игра на турнирот“, одговори директорот.