Машката тениска репрезентација на Канада го освои АТП купот совладувајќи ја селекцијата на Шпанија со 2:0 денеска во Сиднеј.
Трофејот на Канаѓаните го донесоа Денис Шаповалов и Феликс Огер-Алиасим.
Во првиот меч од финалето Денис Шаповалов го победи Пабло Карено-Буста со 2:0 во сетови, а со истиот резултат во решавачкиот дуел Феликс Огер-Алиасим го совлада Роберт Баутиста-Агут.
Канаѓаните приредија изненадување во полуфиналето совладувајќи ги бранителите на титулата, селекцијата на Русија.
Ова е прв трофеј за Канада во АТП купот, а второ финале. Пред две години беа поразени во финалето од репрезентацијата на Србија.
Во минатогодишното финале Русија ја победи Италија со 2-0.