Данскиот тенисер Холгер Руне триумфираше на АТП турнирот во Стокхолм од сериите АТП 250 со награден фонд од 648.130 евро. 19-годишниот Скандинавец во финалето го совлада Стефанос Циципас со 6:4 и 6:4 за час и половина игра. Тоа е негова втора титула во кариерата, а и втора победа над Циципас откако го елиминира и од Ролан Гарос оваа година.

Руне не застанува, од утре оди на турнир во Базел. А Циципас, кој ја освои титулата во Стокхолм во 2018 година, не успеа да стигне до десеттиот трофеј во кариерата односно трет оваа година.

А Италијанецот Лоренцо Музети ја освои титулата на АТП 250 турнирот во Неапол со награден фонд од 612.000 долари. Во финалето тој го совлада сонародникот Матео Беретини со 7:6(5) и 6:2 за два часа игра.

А на АТП турнирот во Антверпен (Белгија) победи канадскиот тенисер Ожие-Алиасаме по победата во финалето кад Себастијан Корда од САД со 6:3 и 6:4.

FOTO>twitter.com/WeAreTennis