Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одработи полесен тренинг на трева, прв по освојувањето на Ролан Гарос .
Поради повреда на стапалото се уште е неизвесно дали Надал ќе настапи на Вимблдон кој започнува на 27 јуни.
Шпанецот двапати славеше на Вимблдон, во 2008 и 2010 година.
„Во моментов приоритет е Вимблдон. Грен слем турнирите се секогаш приоритет, но моето тело ќе ми даде одговор дали ќе одам во Лондон или не“, изјави Надал кој ќе го зголеми интензитетот на тренинзите на трева во наредните денови.
Дури по повеќе тренинзи, кои со текот на времето ќе се интензивираат, ќе знам дали можам да настапам на Вимблдон“, изјави Шпанецот.
По освојувањето на Ролан Гарос, Надал помина време во Барселона на третмани кои служеа за намалување на болките во стапалата.