Популарниот шпански весник Марка пишува дека врската од Ла Лига и донесе водство на Хрватска против Франција.
Напаѓачот на Осасуна, Анте Будимир заработи пенал, беше сопнат од дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахим Конате, а Лука Модриќ од Реал Мадрид го изведе пеналот. Иако ударот не беше најдобар, францускиот голман Мајк Маињан речиси го одбрани“, пренесува Mарка.
Во продолжение на текстот авторот пишува дека Франција се мачела да го разбие хрватскиот среден ред во кој доминираа Модриќ, Матео Ковачиќ и Марсело Брозовиќ.
” На домаќините им помогна влегувањето на последното засилување на Реал, Чуамени, Франција го зголеми бројот на шутеви, но тоа не беше доволно за победа. Франција остана на дното од групата и се соочува со можно испаѓање од елитната група на Лигата на нации, само неколку месеци по освојувањето на натпреварувањето“, истакнува Марка.
Шпански Ас исто така ги пофали играчите од средниот ред на Хрватска – Модриќ, Ковачиќ и Брозовиќ, на кои им се придружи Марио Пашалиќ.
„Да, тој е бавен, но дури и таков го спречи Мбапе, што значи дека е многу интелигентен. Прекрасно!’
Франција на Дешамп пристигна физички исцрпена на крајот од сезоната. Чувството е дека оваа репрезентација веќе размислува за летните одмори, а не за Лигата на нации во која ја брани титулата, како да не ги сфати сериозно некои натпревари од оваа групна фаза. Полош не можеше да биде стартот против Хрватска, а тоа не го прости Модриќ. Хрватската тројка во средниот ред играше како на црвениот тепих во првите 45 минути. Тројцата француски играчи од средниот ред, Камара, Гуендузи и Рабио, постојано трчаа по нив“, изјави новинарот Аса.
Британскиот Дејли Мејл во насловот „Раниот пенал на Лука Модриќ и донесе на Хрватска импресивна победа на гости против светскиот првак“.
Авторот пишува дека Хрватска поведе по само пет минути игра откако Модриќ реализираше пенал и го постигна својот 22. гол во 152. натпревар за репрезентацијата, додека Франција за првпат остана без гол по 23 натпревари по ред.
Репортерот на АФП пишува дека „евергринот“ Лука Модриќ се вратил на игрите од минатиот месец кога ја освои Лигата на шампионите со Реал и дека не погрешил со победничкиот пенал иако францускиот голман ја допрел топката. Како заклучок, авторот посочува дека Хрватска „со Модриќ величенствен како и секогаш“, победи благодарение на тоа што знаеше да ја одржи предноста со добра дефанзивна претстава.