Тимот на МТК според информациите на унгарските медиуми одбил повеќе понуда за македонскиот напаѓач Бојан Миовски кој е пред заминување од клубот.
За Миовски имало понуди од Русија, Полска, Белгија и Швајцарија меѓутоа сите понуди биле одбиени. Една од последните понуди наводно била понудата на Мол Фехевар, клуб кој се поврзува и со Никола Серафимов.
Покрај овие понуди тука била и од шкотскиот Абердин кој можеби изгледа како најпримамлива опција. Абердин веќе се засилил со играч на МТК.
Миовски за тимот кој испадна од елитната лига во Унгарија сезонава постигна девет гола и подели шест асиостенции на 29 натпревари. Во редовите на МТК настапува две сезони, а пристигна од Ренова.